Американскиот претседател Доналд Трамп планира да воведе царини од 60 милијарди долари за увоз на кинеска стока.
Како што пренесуваат медиумите, неговиот план е прво да се насочи кон технологијата, односно ИТ секторот.
На списокот се наоѓаат околу 100 производи.
Белата куќа се уште не излезе со соопштение во врска со таквите тврдења.
Аналитичарите сметаат дека царините за увоз на челик и алуминиум кои Трамп ги воведе минатата недела се безначајни во однос на вкупниот увоз и извоз, но предупредуваат дека овој нов потег би можел да предизвика остар одговор од Пекинг.