Прв состанок на Мешовитиот управувачки комитет на Македонија и Германија

Се очекува Комитетот да оствари големи резултати во насока на имплементација на стратегија за дуално образование која ќе даде позитивни ефекти за преквалификација на работоспособното население и негово апсорбирање на пазарот на трудот.

101

Мешовитиот управувачки комитет помеѓу Владите на Република Македонија и Сојузна Република Германија, формиран за продлабочување на економските односи помеѓу двете земји денеска ќе одржи состанок.

Од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања информираа дека по завршување на состанокот, напладне ќе се одржи прес – конференција на која ќе се обратат вицепремиерот Кочо Анѓушев и директорот на одделот за ЕУ проширување, Југоисточна Европа и Турција во Сојузното министерството за економија и енергетика на СР Германија, Хелге Толксдорф.

Се очекува Комитетот да оствари големи резултати во насока на имплементација на стратегија за дуално образование која ќе даде позитивни ефекти за преквалификација на работоспособното население и негово апсорбирање на пазарот на трудот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...