Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ во рамки на проектот „Што е кореографија?“ на дводневен настан во Кино Култура ќе претстави две нови современи танцови продукции – „Dream State“ на кореографот Валентино Апостоловски, и „Moonlight“ во кореографија на Александар Георгиев и Дарио Барето Дамас од Шпанија.
Од 18 часот вечерва ќе биде организиран разговор со кореографите, а утревечер од 19 и од 19.30 часот премиерно ќе бидат претставени двете танцови продукции.
Реализацијата на проектот „Што е кореографија?“ е поддржана од Министерство за култура и Општина Центар. Проектот е куриран од Биљана Тануровска-Ќулавковски, асистент куратор на проектот е Елена Ристеска, проект-менаџер е Виолета Качакова.