За идните германските инвеститори потребен е квалификуван кадар

229

Квалификуван кадар е потребен за да се засили присуството на германските компании во Македонија. Ова денеска е констатирано на средбата на министерот Драган Тевдовски и економската делегација на „Источниот комитет на Источно – европската асоцијација на германската економија“ предводена од генералниот директор, Мајкл Хармс.

Германските претставници, како што е соопштено од Министерството за финансии, биле информирани дека со цел да се излезе во пресрет на потребите на пазарот на трудот, во Македонија почна да се спроведува дуалното образование.

-Германската Влада со двајца експерти ќе го поддржи развојот на професионалното образование во земјава. Дополнително во Буџетот за 2019 година се предвидени највисоки средства за активните мерки за вработување. Преку оваа програма на краток рок ќе се реши проблемот со поврзувањето на понудата и побарувачката за кадар на пазарот на трудот. Во Буџетот за следната година, поддршката за приватниот сектор бележи раст од 37 отсто – информирале од Министерството за финансии.

Министерот Тевдовски на состанокот посочил дека македонската Влада се фокусира на создавање на услови во кои економскиот раст е генериран од приватниот сектор.

– Среќни сме што токму тој го движи растот од 3,1 отсто во второто тромесечје на 2019 година. Во минатото растот бил главно креиран од државна интервенција главно во непродуктивни проекти. Успешниот приватен сектор, НАТО интеграциите и продуктивните инвестиции на државата ќе ни овозможат исполнување на целосниот капацитет на нашата економија – рекол министерот.

На средбата биле дискутирани клучните процеси во државата важни за инвеститорите, како евроатланските интеграции на земјата, даночната реформа, воведувањето на европски стандарди во работењето и фискалната транспарентност.

Разговарано било како за идните можности, така и за моменталната економска соработка помеѓу Македонија и Германија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...