Управата за јавни приходи не била во можност и да сакала да ги контролира банкарските сметки на поранешниот премиер, сега осуденик Никола Груевски кој пред два месеца ги испразнил сметките.
Директорката на УЈП Сања Лукареска изјави дека УЈП не е истражен туку даночен орган, но дека за вакви случаи се чекаат измените на Законот за Управа за јавни приходи со кои и се овозможува УЈП да ги гледа банкарските сметки со цел да има точни податоци пред пополнетата годишна даночна пријава.
– Нашата цел во делот на овие измени е да постапуваме во сегментот на даночните цели. Во моментов ние немаме таква надлежност да можеме да гледаме банкарски сметки, туку имаме можност по наши направени анализи да побараме од други сродни институции да утврдат одредена состојба.Тенденцијата на УЈП во делот на банкарските сметки е да ги види приходите на физичките лица. Нас не нѐ интересира кој колку потрошил или кој, каде и што купил. Нас не интересираат приходите на секое физичко лице за да успееме да му доставиме на верификување или на корегирање точни податоци во претпополнетата годишна даночна пријава. Нашата основна задача е да се грижиме за наплатата на даноците и да поседуваме веродостојни податоци – рече Лукревска.
Таа не откри дали УЈП побарала од институциите да ги проверат информациите за банкарските сметки на поранешниот премиер.
– Согласно Законот за даночна постапка што важи во моментов станува збор за даночна тајна и затоа не би сакала да шпекулирам со било какви дополнителни информации – рече Лукареска.