Харадинај: Царини додека Србија не го признае Косово

532
ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Додека Србија не го признае Косово, не треба да се намалат царините, изјави премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, објави приштинскиот весник „Газета експрес“.

Само признавањето на независно Косово од страна на српската држава може да ги намали царините, посочи Харадинај во Парламентот.

Тој додаде дека косовскиот претседател преговара со Белград на поинаков начин, додека неговиот став е Косово „само со санкционирање може да добие признание од Србија“.

Без ваков пристап невозможно е да се постигне меѓусебно признавање ниту може да се постигне взаемно прифатлив договор, нагласи Харадинај.

ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...