Пензионерите кои во текот на годината примаат само пензија и немаат дополнителен приход нема да треба да се пријавуваат во УЈП за е-перснален данок до 2024 година.
Ова го содржи новиот закон за личен доход, кој го презентира директорката на УЈП Сања Лукареска на денешната прес-конференција.
Обврска да пријават е-персонален данок, според податоците на УЈП ќе имаат само 45.000 пензионери, кои и досега пријавувале дополнителни приходи.
За да им го олесни пријавувањето на е-персонален данок на пензионерите и на граѓаните УЈП има отворено голем број шалтери во општините, како и мобилни екипи.
Лукареска информира дека досега една третина од претпоставените граѓани се пријавиле на е-ПДД. Останува уште 600.000 граѓани да ја завршат оваа обврска.