Поранешен војник во Гватемала осуден на 5.160 години затвор

125

Судот во Гватемала осуди поранешен војник на 5.160 години затвор поради масакр на 171 луѓе, што се смета за едно од најголемите злосторства во 36-годишната граѓанска  војна.

Според обвинителите, Сантос Лопез учествувал во масовни убиства во 1982 година, кога се убиени сите мажи, жени и деца во селото Дос Ерес.

Лопез е обвинет дека бил дел од елитната Специјална единици Каибилес, испратена во Дос Ерес да пронајде припадници на герилска група. Откако не биле пронајдени герилци, припадниците на Каибилес силувале голем број девојки, а за да ги прикријат сексуланите злосторства ги убиле речиси сите жители на селото.

Масакрот е извршен за време на режимот на поранешниот воен диктатор Ефраин Риос Монт кој почина во април. Тој беше обвинет за геноцид во акција во текот на една од најкрвавите фази на граѓанската војна која траеше од 1960 до 1996 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...