„Гранит“ ќе работи на рехабилитација на повеќе регионални и локални патишта во земјава. Договорот потпишан со Јавното претпријатие за државни патишта за три лотови објавен на сајтот на Македонска берза е во висина од 10,5 милиони евра.
За период од осум месеци компанијата треба да ги проектира и рехабилитира патот од Jурумлери-Драчевo, Битола-Демир Хисар и Драчево-Орешани-Таор. Овие патишта ќе чинат над 3, 4 милиони евра
Исто така, „Гранит“ за износ од 3,3 милиони евра треба да ги рехабилитира делниците Делчево-Звегор,Делчево-Пехчево и Берово-Виница. Иовие патишта според договорот треба да бидат завршени за осум месеци.
Дополнително за период од една година компанијата ќе работи на рехабилитација на делниците Струмица-Ново Село Кавадарци-Росоман и Фурка-Богданци-Гевгелија. Вредноста на оваа работа на компанијата е договорено да изнесува 3,7 милиони евра.