Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик изјави дека и натаму ќе проодлжи да патува во странство со пасошот на Република Србија, нагласувајќи дека БиХ е само негово работно место.
– Нема што да менувам. Јас сум Србин. Повеќе ја сакам Србија, отколку БиХ. БиХ е само мое работно место и ништо повеќе – истакна Додик.
Тој најави дека нема да ги прифати „стереотипите“ што ги помовираат странците дека БиХ е „нешто што треба да им биде свето“ на тие што живеат во земјата.
– Ние сме дел од БиХ по силата на меѓународниот договор, а тој договор всушност го урна меѓународната заедница. Речиси и да нема многу елементи, кои би требало да не задржат во БиХ – нагласи Додик.
Во БиХ денеска се одбележува 23-та годишнина од парафирањето на Општиот рамковен договор за мир во БиХ во американската база „Рајт Петерсон“ во градот Дејтон, со кој беше сравен крај на војната во Босна и Херцеговина во 1995 година.
ФОТО: Твитер