Менаџментот на „Саса“: Работата на рудникот е загрозена поради незаконска блокада

За целата ситуација се информирани надлежните државни органи од кои согласно нивните законски надлежности е побарано да преземат мерки за целосна деблокада на патот кон рудникот.

200

Менаџментот на рудникот „Саса“ реагира на протестот што го организираат поддржувачи на огранокот на Мултиетничкиот синдикат на образованието (МЕСО) од Македонска Каменица, а кој смета дека е незаконски.

Како што стои во реакцијата поради блокадата патот што води до рудникот, работниците од прва смена биле спречени да дојдат на работните места.

-Моментално рудникот функционира нормално, но доколку ваквата незаконска блокада продолжи, ќе биде доведена во прашање натамошната работа, што ќе предивика големи штети и за компанијата и за сите нејзини 700 вработени – појаснуваат од компанијата.

За целата ситуација се информирани надлежните државни органи од кои согласно нивните законски надлежности е побарано да преземат мерки за целосна деблокада на патот кон рудникот.

„Согласно одредбите од Законот за работни односи, протестот организиран од локалниот огранок на МЕСО е незаконски. Рудникот „Саса“ досега имаше одлична соработка со вработените и нивниот легитимен синдикат које е дел од СИЕР – Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството, за што доказ се досегашните постигнати резултати во безбедноста при работа, платите кои се двојно поголеми од просечните плати во земјата и вложувањата во нова технолија и подобри услови за работа“, појаснуваат од „Саса“.

Според Законот, менаџментот на рудникот е обврзан да разговара и соработува со оној синдикат кој во законска процедура докажал дека ги претставува вработените. Тоа досега беше синдикатот на рударите при СИЕР. Секој друг синдикат, за да може да преговара, согласно Законот за работни односи, е обврзан да го докаже истото. Досега, и покрај барањата од страна на компанијата, новиот огранок на МЕСО нема доставено до рудникот ниту еден формален доказ дека е репрезентативен синдикат во САСА. Исто така, согласно Законот, пред да се започне со штрaјк или протест, двата синдикати треба да состават заеднички тим за преговори со менаџментот и да отпочнат процес на медијација. Ниту еден од овие законски одредби досега не е исполнет, што го спречува менаџментот на компанијата да постапува.

Рудари од „Саса“ денеска почнаа со барање да им се зголемат платите до 20 отсто од нето добивката на рудникот, подобрување на условите за работа, регулирање на стажот и работното време.Штрајкот и протестот ги организира синдикалната организација на Саса која е членка на Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО).

Рударите кои штрајкуваат немаат поддршка од синдикатот на „Саса“ кој е членка на Синдикатот на индустријата енергетиката и рударството (СИЕР).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...