Трамп си го губи времето со мировниот план за Блискиот Исток, смета израелската министерка за правда

71
ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп си го губи времето со обидите за изработка на израелско-палестински миров план, оцени денеска министерката за правда на Израел, Ајелет Шакед.

Според неа, во моментов е невозможно постигнување мир на Блискиот Исток и затоа Трамп својата енергија треба да ја насочи на друго место, се додека Палестинците не бидат подготвени за компромис.

– Лично мислам дека тоа е губење на време – изјави Шакед во обраќање на Диплоатската коференција во организација на весникот „Џерузлаем Пост“.

Изјавата на Шакед доаѓа во време кога САД се посготвуваат да го објават својот мировен план за Блсикиот Исток, кој Трамп веќе го нараче „договор на векот“.

Планот го подготвуваат група советници на Трамп за Блискиот Исток, предводени од неговиот зет Џаред Кушнер. Тимот веќе неколку месеци работи на подготовка на планот, но засега не е познато кога ќе биде објавена неговата содржина.

Претходно, палестинските лидер изразија сомнеж дека американскиот план ќе вроди со успех, обвинувајќи го Трамп дека не е неперистрасен и дека неправедно ја поддржува израелската страна.

ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...