Слика со еротски приказ на митот за спартанската кралица Леда е пронајдена под урнатините на древноримскиот град Помпеја, кој бил уништен од ерупција на вулканот Везув во 79 година од новата ера.
Станува збор за легендата за Леда во која, според грчката митологија, се вљубил Зевс, но никако не можел да ја освои, па се претворил во лебед и така успеал да ја добие нејзината љубов.
На новопронајдената слика, Леда е во интимна прегратка со лебед.
– Таа е насликана како да гледа кон оној што влегува во нивната спална соба… Леда го погледнува набљудувачот со доста изразена сензуалност, нагласува одговорниот археолог за Помпеја – Масимо Осано.
Фреската, како и нејзините живописни бои, се во доста добро очувана состојба.