Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека пресудата на Европскиот суд за човекови права (ЕЦХР) во врска со водечкиот опозициски политичар е еднаква на поддршка за тероризам.
Турскиот претседател додаде дека „крвта на 50 луѓе е на рацете на Селахатин Демирташ“.
Европскиот суд за човекови права (ЕЦХР) вчера пресуди дека Турција мора да го ослободи Демитраш кого го држи во притвор од 2016 година.
Судот соопшти дека првичното апсење на прокурдскиот политичар за бројни обвиненија, вклучувајќи ги и оние за тероризам, било оправдано. Сепак, продлжувањето на мерката притвор во неколку наврати, според ЕЦХР, била политички мотивирана и не може да се оправда.
Народната демократска партија (ХДП), која е предводена од Демирташ, ја поздрави денешната пресуда и оцени дека тоа значи оти другите уапсени пратеници веднаш треба да бидат ослободени.
Судот во пресудата наведе дека долгите притвори на политичките противници на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган очигледно се политички мотивирани.
Судот, исто така, и нареди на Турција на Демирташ да му плати 10.000 евра надомест и 15.000 евра за судски такси и даноци.
Пресудата ќе стане конечна во рок од три месеци, доколку една од страните не вложи жалба.