Отворено првото „Роса школо за родителство“ во Поликлиниката „Јане Сандански“

99

Идните родители и членовите на нивните семејства ќе можат да се едуцираат за тоа како да се справат со секојдневните предизвици кои ги носат нивните улоги, во првото „Роса школо за родителство“, што беше отворено денеска во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.

На отворањето на школото за родителство присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче, кој се заблагодари за инвестицијата, која ќе дава сервис за идните родители и членовите на нивните семејства.

– Ќе го зајакнеме капацитетот на здравствените домови во смисла на тоа да бидат пунктови кои ќе имаат дежурни педијатриски сервиси, а тоа со цел да се намали огромниот притисок кој го има кон Поликлиниката и да се олесни работата. Планираме да ги ангажираме и матичните гинеколози, ќе продолжиме да ги анализираме моделите на мобилни сервиси и да видиме како тоа не само во руралните, туку и во урбаните средини може да функционира, а со цел да се даде медицински сервис во домовите и блиску до нив – додаде Филипче.

Директорот на Здравствен дом – Скопје, Злате Мехмедовиќ истакна дека во школото ќе работат педијатар, гинеколог акушер и патронажна сестра, кои низ низа работилници ќе презентираат области во областа на грижата за родилките, како треба да се води бременоста, ќе се едуцираат за начинот на кој треба да се одвива породувањето…

– Со оглед на тоа што станува збор за долгорочен проект до крајот на годината планираме отворање на уште две вакви школи и тоа во Битола и во Гостивар. Ова е само еден од низата чекори кои треба да придонесат за подобрување на положбата на младите родители и подобрување на здравството воопшто – истакна генералниот директор на Пивара Скопје.

Проектот „Роса школо за родителство“ е резултат на шестмесечната кампања преку која беше издвоен по еден денар од секое продадено шише вода „Роса“ од 1,5 литар, а средствата беа наменети за комплетно реновирање и опремување на три простории во здравствените институции наменети за Роса школите за родителство.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...