Роберт де Ниро се раздели од сопругата

672

Седумдесет и петгодишниот холивудски актер Роберт де Ниро се разделил од 63-годишната сопруга Грејс Хајтауер, по повеќе од 20 години поминати во брак, објави магазинот „Пипл“.

Извор близок до семејството за „Пипл“ посочил дека Роберт и Грејс се разделиле и дека повеќе не живеат заедно.

– Понекогаш работите не се одвиваат како што се надевате или како што очекувате – рекол неименуваниот извор.

Де Ниро и Хајтауер се венчаа во 1997 година, откако претходно се забавуваа една деценија. Заедно ги имаат децата Елиот (20) и Хелен Грејс (6).

Брачни проблеми Роберт де Ниро и Грејс Хајтауер имаа и во 1999 година, но успеаја да ги надминат.

Во ноември 2004 година тие ги обновија своите брачни завети на свеченост пред многубројни познати личности како Мартин Скорсезе, Мерил Стрип, Бен Стилер и други.

Роберт де Ниро се уште јавно не излегол со коментар за информацијата дека се разделува од сопругата.

Тој и Грејс последен пат на црвен тепих се појавија заедно во јуни, кога присуствуваа на доделувањето на драмските награди Тони во Њујорк сити.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...