Д-р Гуржанова: Улогата на хормоните во општото и репродуктивното здравје

1268

Кога се пореметува функцијата на една жлезда речиси секогаш доаѓа после извесно време и дисфункција на останатите жлезди и пореметување на целата неуроендокрина оска, со последици по целото здравје. Многу често започнува со недостиг на енергија, или вознемиреност во текот на денот, менување на физичкиот изглед, пореметување на психичкото здравје, отсуство на сон, пореметен менструален циклус кај жените, стерилитет кај мажите, па дури и појава на малигни болести, вели д-р Татјана Гуржанова, специјалист акушер, гинеколог и ИВФ специјалист, во Центарот за плодност „Newborn Clinic“.

Со доктор Гуржанова зборуваме за улогата на хормоните во општото и репродуктивното здравје.

Кои се најважните хормони во нашиот организам и кaкво е нивното значење?

– Не може доволно да се нагласи важноста на добрата и балансирана работа на ендокриниот систем за целосното функционирање, почнувајќи од будењето, па дури и регулација на сон, нормален метаболизам, соодветна реакција на надворешни влијанија. Не би можеле да се репродуцираме, да се одржува бременоста, да растеме, едноставно самото постоење не би било возможно без добро и хармонично содејство на хормоните, т.н. курири во нашето тело. Постојат повеќе жлезди познати на медицината како: хипоталамусот, хипофизата, епифизата, дури и самиот мозок е жлезда, потоа тироидната, паратироидната жлезда кои се наоѓаат во предниот дел од вратот, тимусот кој е лоциран во средината на градниот кош, панкреасот позади желудникот, надбубрежните жлезди на врвот на обата бубрега, јајниците кај жената, тестисите кај мажот во карлицата. Жлездите лачат хормони или медијатори, гласници, и тие имаат одредена регија или функција која ја контролираат со тоа што пренесуваат информација до одредено ткиво или орган (или цел организам), како и што треба да извршува, и секогаш истото го прават во беспрекорна синхронизација со другите жлезди, како и со мозокот кој целиот ендокрин систем го контролира преку хипоталамусот. Ендокриниот систем заедно со нервниот систем преку медијатори како хормони или неуромодулатори се првите соработници на мозокот за контрола на организмот и неговото беспрекорно функционирање.

Проучувањето на хормоните, нивниот избалансиран ефект, недостатокот од истите, се голем предизвик на медицината и на лекарите. Многу болести, патолошки состојби, се врзани со дисфункција на една или повеќе жлезди. Самото забременување, односно оплодување, не е возможно без максимална функционалност и хармоничност на сите жлезди т.е. целиот ендокрин систем. Дури и стареењето се поврзува со недостиг и нерамнотежа на работата на жлездите на ендокриниот систем. Се развива нова гранка во медицината наречена антиејџинг медицина, која токму се бави со дијагностицирање на недостиг на лачење хормони од одредена жлезда или група жлезди и со суптилна терапија со хормони за да се корегира недостигот, а со тоа се подмладува телото.

Докторите што се бават со хумана репродукција треба да имаат големо познавање од целокупната работа на целиот ендокрин систем, за да може и со најмали знаци да ги откриваат дефектите на работата на жлездите и после примената на ендокрината терапија да се воспостави таа рамнотежа и како крајна цел да се дојде до посакуваната бременост на здраво дете.

Дали можеме да вилијаеме на хормоните и на кој начин?

– Досега се познати доста хормони и нивни метаболити, како и нивното дејство. Може да се дијагностицира недостигот на одреден хормон или на зголемена функција на жлездата и лачење на хормонот. Кога се пореметува функцијата на една жлезда речиси секогаш доаѓа после извесно време и дисфункција на останатите жлезди и пореметување на целата неуроендокрина оска, со последици по целото здравје. Многу често започнува со недостиг на енергија или вознемиреност во текот на денот, менување на физичкиот изглед, пореметување на психичкото здравје, отсуство на сон, пореметен менструален циклус кај жените, стерилитет кај мажите, па дури и појава на малигни болести. Затоа, кога ќе се дојагностицира пореметување, треба веднаш да се третира во интерес да се спречат поголеми штети на телото.

Врз функцијата на жлездата најмногу влијае исхраната и начинот на живот. Добра избалансирана исхрана со физичка активност, 7 до 9 часа сон, чист воздух, најмногу влијаат да се обезбеди оптимална функција на ендокриниот систем. Во исто време, претставува најдобра превенција од ендокрини нарушувања, но и при третман на истите е прва линија на терапија заедно со хормонската терапија. Токму поради овие причини лошата исхрана, седечкиот живот, нечистиот воздух, имаме и толкав зголемен пораст на ендокрини нарушувања и болести, машки и женски стерилитет, па дури и малигни болести врзани со пореметување на ендокриниот систем.

Кој хормон најмногу влијае на тоа како ќе бидеме расположени?

– Не може посебно да се издвои еден хормон, доброто расположение, полната енергија во текот на денот, мирниот 8-часовен сон во текот на ноќта, во најголема мера зависи од балансот на сите хормони. На пример, од нормалната функција на тироидната жлезда зависи расположението, енергијата во текот на денот, дури психијатрите започнуваат со алтернативен пристап на лекување на депресија со додавање на тироксинот (хормонот кој го лачи тироидната жлезда), потоа добриот сон е регулиран од мелатонинот (хормон на епифизата – мала жлезда што се наоѓа во главата), кога се вљубуваме се лачи во големи количини окситоцин (истиот се лачи и при породување и ги регулира контракциите на матката со што го овозможува природното породување), кортизолот и адреналинот на надбубрежната жлезда може да ни го спасат животот при стресна и загрозувачка ситуација, со нивното прекумерно лачење во моменти на силен стрес му овозможува на телото и мозокот да преземе реакции кои нормално не би ги презело и тн.

Дали жените се под поголемо влијание на хормоните од мажите?

– И жените и мажите се под еднакво влијание на хормоните, хормоните го одредуваат самиот живот, само што се под различно влијание. Главен хормон кој ја одредува жената е повисокото ниво на естроген во крвта во одност на тестостеронот, а мажот обратно, тестостеронот е повисок од естрогенот и тоа ги прави различни еден од друг. Тој процес започнува уште во ембрионалниот развој и ги детерминира и развојот на машки или женски полови органи и со тоа и дали една индивидуа ќе биде машка или женска индивидуа. Било какво нарушување на ендокриниот систем може да доведе до пореметување и на половите хормони, односно естрогенот или тестостеронот. Овие два хормона се и најголеми причинители на малигни заболувања кај женскиот или машкиот организам од сите други хормони на ендокриниот систем. Гинеколозите, посебно оние кои се бават со хумана репродукција, ендокринолозите, во светот веќе започнува и трендот на новата специјалност докторите по антиејџинг (antiaging), со превентивна медицина, треба да имаат широко и детално познавање на ендокриниот систем, неговата функција, нарушување и третман за враќање на балансот во интерес на навремено третирање на пореметувањето, како и во интерес на здравствената благосостојба на пациентот.

Њуборн Клиник – Центар за плодност,
Адреса: Булевар Илинден 107, 1000 Скопје, Телефон : +389 (0)2  2734 350

(промотивен текст)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...