Луѓето во постудените земји пијат повеќе алкохол

104

Алкохолот причинува чувство на топлина во организмот и позитивно влијае на крвотокот, но тој, исто така, се поврзува и со депресијата, која се јавува на повисоко ниво во пределите каде што има малку сончеви денови.

– Ова е нешто што луѓето со децении го претпоставуваа… Зошто луѓето во Русија и Висконсин пијат толку алкохол? Досега само претпоставувавме дека е поради студот, но сега имаме и научни докази за тоа. Ова истражување докажува дека луѓето кои живеат во постудени место пијат повеќе алкохол и почесто страдаат од цироза –  објаснува раководителот на научниот тим, Рамон Баталер, кој инаку е и претставник на Центарот за изучување на црниот дроб во Питсбург.

Така, како што се намалуваат сончевите денови, така и луѓето пијат повеќе алкохол, се истакнува во заклучокот од извештајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...