Воената мисија на границата помеѓу САД и Мексико чини 210 милиони долари

43

Пентагон проценува дека трошоците за воената мисија на границата помеѓу САД и Мексико според актуелните планови изнесува 210 милиони долари.

Во сумата вклучени се 72 милиони долари за 5.900 американски војници во активна служба, кои треба да пружат поддршка на припадниците на Царинската и погранична служба, како и 138 милиони долари до сега издвоени за 2.100 припадници на трупите на Националната гарда на американската армија, кои од април годинава се ангажирани во одвоена мисија за заштита на границата.

Се претпоставува дека трошоците ќе изнесуваат повеќе од 210 милиони долари доколку мисијата биде продолжена по рокот за нејзино завршување, што истекува на 15 декември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...