Влада: Југохром на кредит да набави филтри и да почне да работи

208

Владата на Република Македонија на денешната 104 седница ја задолжи Македонската банка за поддршка на развојот да склучи договор за кредит со Друштвото за производство, трговија и услуги Југохром АЛЗАР ДООЕЛ увоз-извоз Јегуновце од кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) на износ од 92.242.500 денари за изградба на филтерска постројка за заштита од загадување.

Со тоа, како што соопшти владината прес-служба, ќе се овозможи фабриката да продолжи да работи и да се ангажираат вработените.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...