Европскиот суд и нареди на Турција да го ослободи Селахатин Демирташ

94

Турција мора да го ослободи водечкиот опозициски политичар кого држи во притвор од 2016 година, пресуди денеска Европскиот суд за човекови права (ЕЦХР).

Судот соопшти дека првичното апсење на прокурдскиот политичар Демирташ за бројни обвиненија, вклучувајќи ги и оние за тероризам, било оправдано. Сепак, продлжувањето на мерката притвор во неколку наврати, според ЕЦХР,  била политички мотивирана и не може да се оправда.

Народната демократска партија (ХДП), која е предводена од Демирташ, ја  поздрави  денешната пресуда и оцени дека тоа значи дека другите уапсени пратеници веднаш треба да бидат ослободени.

Судот во пресудата наведе дека долгите притвори на политичките противници на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган очигледно се политички мотивирани.

Судот, исто така, и нареди на Турција на Демирташ да му плати 10.000 евра надомест и 15.000 евра за судски такси и даноци.

Пресудата ќе стане конечна во рок од три месеци, доколку една од страните не вложи жалба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...