Граѓаните денеска имаат можност да ги видат платите на членовите на Владата за октомври. На сајтот на Владата се објавени износите на плати што во октомври ги зеле премиерот и министрите. Податоците се објавени преку алатката за транспарентност на Владата.
Во октомври највисока плата во Владата зел вицепремиерот и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски која изнесува 92.299 денари.
За разлика од него, премиерот Заев зел 88.161 денари, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев 80.206 денари, а вицепремиерката и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, 79.150 денари. Вицепремиерот за Рамковен договор Хазби Лика, кој не оди на работа во октомври зел плата од 76.340 денари. Неговиот сопартиец вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи зел 75.635 денари.
Најниската министерска плата изнесува 66.442 денари и ја добива министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.