Италијанската полиција денеска конфискува осум луксузни вили кои илегално во Рим ги изградиле членови на озлогласена мафијашка организација.
Во акцијата учествувале околу 600 полицајци.
Градоначалничката на Рим Вирџинија Раџи, кој ја надгледувала операцијата против членовите на организираната банда Казамоника, изјави дека вилите ќе бидат урнати до крајот на годинава.
– Денес е историски ден за градот Рим и Римјаните. Ова е крај за годините нелегалност и праќа силна порака до кланот Казамоника – изјави Раџи.
Мафијашкото семејство Казамоника веќе неколку децении се поврзува со криминал во југоисточните делови на Рим.
Заменик премиерот и министер за внатрешни работи Матео Салвини вети дека ќе се приклучи кога булдожерите ќе почнат да ги уриваат вилите.
ФОТО: Архива