Просечната нето плата во септември 2018 година изнесува 24.355 денари и бележи раст во однос на септември 2017 од 4,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според статистиката, ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „рударство и вадење камен“ за 21,9 отсто, „информации и комуникации“ за 15,2 отсто и дејности на „здравствена и социјална заштита“ за 11,1 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите дејности на здравствена и социјална заштита за 4 отсто, образование за 2,4 отсто и други услужни дејности за 1,5 отсто.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2018 изнесува 35.794 денари.