Регулаторна за енергетика одлучува за пет лиценци

Една од компаниите ќе добие привремена лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала.

190

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната подготвителна седница ќе разгледа пет предлог-одлуки за издавање лиценца за вршење енергетска дејност трговија со електрична енергија, за менување лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала и за издавање привремена лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала.

На седницата ќе бидат разгледани Предлог-одлуката за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност трговија со електрична енергија, на Друштво за градежништво АМ КАИ КОНСТРУКЦИИ ДООЕЛ Скопје, Предлог-одлуката за менување на лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала ФЕЦ „АГРО ГАМА“, на Друштво за производство, трговија и услуги АГРО ГАМА ДОО увоз – извоз Василево, како и предлог-одлуките за издавање на привремени лиценци за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала за ФЕЦ „В и Е”, на Друштво за производство, трговија и услуги В и Е експорт-импорт ДООЕЛ Штип, за ФЕЦ „МК МОДЕНА СОЛАР”, на Модна конфекција МОДЕНА ДООЕЛ Штип, и за ФЕЦ „ПОДГОРКА СОЛАР”, на Друштво со ограничена одговорност за градежништво, трговија и услуги Џемајлоски Мевмед ПОДГОРКА село Подгорци Струга ДООЕЛ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...