Полицаец нападнат во Брисел, властите истражуваат дали е тероризам

58

Полицаец беше нападнат утрово околу пет часот со нож во Брисел, при што, според медиумите, напаѓачот извикувал „Алаху Акбар“.

Обвинителството отвори истрага за настанот, но засега не е јасно  дали тој се третира како тероризам.

Нападот се случил во центарот на Брисел, близу главниот плоштад. Полицаецот е повреден во пределот на вратот, но е вон животна опасност.

Напаѓачот е застрелан со огнено оружје и се наоѓа во болница, при што, исто така, не е во животна опасност.

Како што јави дописничката на МИА од Брисл, тој им бил познат на службите поради трговија со оружје, но не и за тероризам.

Белгискиот министер за внатрешни работи Јан Јамбон, нападот го нарече “кукавички“.

– Полицијата повторно е жртва на кукавички напад, изјави Јамбон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...