Кремљ очекува конструктивен пристап на САД кон Русија по разрешувањето на Тилерсон

127

Кремљ денеска изрази надеж за конструктивен и трезвен пристап на Вашингтон кон односите меѓу Русија и САД по разрешувањето на државниот секретар Рекс Тилерсон.

– Малку е веројатно дека нашите односи ќе се влошат уште повеќе, рече портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков на брифинг во Москва.

Тој нагласи и дека Русија нема никаков однос кон случајот со поранешниот полковник на руската Главна разузнавачка управа, Сергеј Скрипал, кој беше затруен со нервени гас во Велика Британија

– Москва апсолутно не прифаќа неосновани и со ништо недокажани обвиненија на своја адреса и не го прифаќа јазикот на ултиматуми, рече Песков.

Одговарајќи на прашање дали Москва стравува од меѓународна изолација поради случајот со Скрипал, портпаролот на Кремљ, изрази надеж дека „ќе надвладее здравиот разум и оти другите земји во најмала рака ќе се замислат дали има докази или не, и колку се оправдани сите обвинувања на адреса на Москва“.

Песков најави дека денот по претседателските избори в недела на 18 март ќе биде обичен работен ден за претседателот Владимир Путин.

– Претседателот има работни планови за 19 март. Засега тие нема да се објавуваат, но тоа ќе биде обичен работен ден, истакна тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...