Половина литар масло од маслиново дрво старо 1.800 години беше продадено на аукција во турскиот град Измир за цена од 5.620 долари. Купувачот е локален бизнисмен, пишува „Хуриет дејли њуз”.
Дрвото старо 18. векови, е познато под името „Умај нине” (баба Умај, туранската божица на плодноста).
На настанот беа понудени уште 150 шишиња најразлични видови масла, со вкупна вредност од 47.750 турски лири (8.955 долари), изјави Тунч Сојер, градоначалник на општината Сеферихисар во Измир.
– Сите приходи од наддавањето ќе бидат донирани за ученици во областа – нагласи Сојер.