Михајловиќ: Автопатот кон Македонија ќе биде завршен до крајот на годината

616

Српската министерка за сообраќај, градежништво и инфраструктура Зорана Михајловиќ денеска најави дека и покрај проблемите на градилиштето, до крајот на годината сепак ќе биде пуштена во сообраќај делницата од автопатот кон Македонија низ Грделичката Клисура.

– Коридорот 10 ќе биде готов до крајот на годината и покрај тоа што на одделни делови постојат одредени проблеми, но се работи деноноќно и верувам дека ќе постигнеме до крајот на годината – изјави Михајловиќ за РТС, додавајќи дека српските граѓани ќе можат да се возат по новите автопатишта кон Македонија и Бугарија.

Таа потврди дека градежните проблеми на такви градилишта се вообичаени. – Тоа не се невообичаени работи, но ние сме отворена Влада и укажавме на проблемот, изјави Михајловиќ, посочувајќи на проблемите со одрон на потпорниот зид на делницата во Грделичка клисура.

Министерката најави и дополнување на кривичните пријави против одговорните за лошо изведените работи на веќе завршената делница Уб-Лајковац на Коридорот 11 и истакна дека Владата на Србија сега повторно ја гради оваа делница “практично од самиот почеток”.

– Ќе треба да одговораат сите оние кои носеле одлуки и одобрувале да се поставува глина и кал, но ова е работа за обвинителството – изјави Михајловиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...