Продолжуваат протестите во Франција против зголемувањето на цените на горивата

46

Француските „жолти елеци“  денеска посторно се собраа за да ги продолжат протестите против зголемувањето на цените на горивата.

Демонстрантите повторно го отежнаа сообраќајот, а блокираа и резервоари за нафта и бензин.

Блокадите на патиштата продолжуваат од масовните протести во саботата, во кои загина еден човек, а стотици беа повредени.

Официјален претставник за безбедност денеска изјави дека минатата ноќ биле уапсени околу 30 лица, додека полицијата се обидувала да ги растера демонстрантите.

Претставникот на демонстрантите Бенжамен Коши за радио Ер Ем Се изјави дека возачите денеска блокирале околу 10 нафтени резервоари и бараат намалување на цените на горивата, кои според него несразмерно влијаат врз работничката класа.

Во саботата, речиси 290.000 луѓе протестираа на 2.034 места. Протести имаше и вчера на 150 места, соопшти министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер.

Протестите го одразуваат се поголемото разочарување од претседателот на Франција Емануел Макрон, чија Влада поддржува поскапување на горивата, како дел од напорите за почиста животна средина.

ФОТО: Архива

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...