Фотографија на Мараја Кери ги подели фановите

566
ФОТО: Инстаграм

Пејачката Мараја Кери објави заедничка фотографија со ѕвездата на американското рагби Колин Керпник, со натпис „Каква чест е да го запознаам“, со што предизвика гнев кај американските конзервативци.

„Не, Мараја. Досега ми беше омилена“, „Со години одам на твоите концерти, но сега ме разочара, Тој не е никаков херој“, „Те бришам од Инстаграм. Збогум“, „Не гледам тука никаква чест“, се само дел од негативните коментари до пејачката.

Имено, рагбистот деновиве е познат по тоа што на изведувањето на американската химна пред натпревар, тој намерно се наведна, како протест поради полициските убиства на неколку Афроамериканци. Некои тоа го протолкуваа како непочитување единствено на националната химна и дека има  други начини да се изрази незадоволство и протест.

Поради тој потег, многу конзервативци ги запалија своите „Најк“ патики, оти Керпник веќе неколку месеци е дел од новата кампања на брендот.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...