Раководителот на американскиот технолошки гигант „Епл“, Тим Кук, во интерву за Ејч-Би-Оу изјави дека „се поретко го употребува својот Ајфон, па дури речиси и се откажал од непотребните известувања“.
„Епл“ е основана во 1976 година во Калифорнија и произведува компјутери, лаптопи, паметни телефони Ајфон, таблети Ајпад, како и музички плеери Ајпод. Корпорацијата е една од најголемите во светот со пазарен капитал од над еден трилион долари.
Според претходни истражувања, американските граѓани си ги проверуваат известувања на мобилните во просек 52 пати на ден.