Кинески научници изработија „вештачко Сонце“ ВИДЕО

174

Во потрага по еколошки чисти извори на енергија, група кинески научници изработија „вештачко Сонце“ на нуклеарен погон, кое може да развие тмпература до 100 милиони степени Целизусови, соопшти Институтот за физика при Кинеската академија на науките.

За споредба, во жариштето на Сoнцето температурата изнесува 15 милиони степени Целзиусови.

Во соопштението се посочува дека научниците го тестираат уредот, кој е во форма на прстен, за да го репродуцираат процесот што се одвива во жариштето на ѕвездите, при кој се ослободува огромно количество енергија.

„Вештачкото Сонце“ за загревање користи нуклеарна фузија, а само едно негово вклчучување чини 15.000 долари.

Целта на овој проект е целосно проучување на нуклеарната фузија, со цел тој процес во иднина да може да се користи во атомските централи.

Инаку, Кина неодамна сооптши дека работи на создавање на „вештачка Месечина“, која би требало да биде лансирана во земјината орбита и да се користи како замена за уличното осветлување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...