Идентификувани убијците на новинарката од Малта

397

Истражителите идентификуваа група од најмалку тројца државјани на Малта за кои се верува дека минатата година го организирале убиството на новинарката кој пипуваше за корупција Дафне Каруана Галиција.

Нивните имиња не се објавени, но истакнато е дека истрагата е во „многу напредна фаза“.

Каруана Галиција е убиена во октомври минатата година кгоа под нејзиниот автомобил експлодираше подметната бомба, а до сега се уапсени три лциа за кои се смета дека се одговорни за нејзиното убиство, но тие се изјасниле дека не се виновни,

Неделникот Сандеј Тајмс Малта наведува дека мотивите за убиството и натаму се непознати, но и се претпоставува дека има повеќе мотиви со кои се поврзуваат тројцата мажи обвинети за организација.

Засега не е откриено дали организаторите се од криминалниот, политичкиот или деловниот сектор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...