Почина сценаристот на „Буч Касиди и Санденс Кид“

60

ознатиот американски сценарист и добитник на два Оскари, Вилијам Голдман, почина синоќа во Њујорк на 88-годишна возраст, како последица на рак на дебелото црево и воспалените на белите дробови, соопшти неговото семејство.

Голдман доби Оскари за оригинално сценарио за филмот „Буч Касиди и Санденс Кид“ и за адаптирано сценарио за „Сите луѓе на претседателот“.

Меѓу, неговите останати попознати сценарија се и оние за „Маратонец“, „Мизери“, „Непристоен предлог“, „Далечен мост“, „Големиот Валдо Пепер“ и „Харпер“.

Голдам беше роден Њујорчанец, кој не сакаше да живее и работи во Холивуд и во „градот на филмот“ одеше само на куси разговори со режисерите и продуцентите.

Тој себеси се сметаше за романописец, инсистирајќи на високи уметнички достигнувања во неговите сценарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...