Или подмирете ги долговите за фирмарина или ќе ви ја блокираат сметката

385
20151130 Monday 1420 sednica na sovetot sovet na grad skopje

Град Скопје соопшти дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, почнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на неплатена комунална такса за фирма (фирмарина) за 2017 година.

„Сите таксени обврзници кои имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги намират своите обврски. Со цел да се избегнат непотребните блокирања на сметките, доколку се увиди дека постои платен, но нерегистриран долг, таксениот обврзник може да дојде во просториите на Град Скопје, барака 16, секој работен ден од 07:30 часот до 16:30 часот“, се вели во соопштението од Град Скопје.

Оттаму потсетуваат дека уште во март годинава се испратени опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на Град Скопје. Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Град Скопје изготвил решенија за присилна наплата кои се доставени до таксените обврзници. Доколку по ваквото решение не се постапи, се изготвува решение за блокада на сметките на обврзниците по банки, информираат од Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...