Центар се извини за редарите кои избркаа бабичка што продава малини ВИДЕО

1062
20150818 Tuesday 1127 opstina centar

Општина Центар преку соопштение се извини за денешниот инцидент кај ТЦ „Буњаковец„ кога двајца комунални редари ја избркале бабичката која продава бадеми, лешници и малини. Редарите  ја превртеле гајбата со производи, а откако жената ги собрала истите ѝ ги искинале кесите со бадеми.

Видео од инцидентот се појави на социјалните мрежи по што реагираше Општината.

– Општина Центар се извинува за грубото и нехумано однесување на двајцата комунални редари вработени во Секоторот за инспекциски работи во општината. Нивното однесување денеска со право ја вознемири и револтираше јавноста.
Општина Центар ќе ги преземе сите неопходни мерки за утврдување на вината и санкционирање на двајцата вработени.
Нагласуваме дека вакво однесување кон граѓаните нема да дозволиме бидејќи и избраните лица и општинската администрација работат и ќе работат во интерес на сите жители на Центар, соопшти Општината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...