Додека обожавателите на „Игра на тронови“ ја чекаат осмата, последна сезона во април догодина, се појавија информации и за нејзино претпродолжение, но и за сосем нова серија со авторскиот потпис на Џорџ Р.Р. Мартин.
Се работи за научнофантастична „суперхеројска“ сага со работен наслов „Wild Cards”, кoja веројатно ќе има најмалку две сезони. Но, преговорите со продукциските куќи се уште се во тек.
Приказната е сместена во алтернативно минато по Втората светска војна, каде што вирусот наречен „дива карта“ го пустоши Њујорк. Притоа, преживеаните мутираат и добиват посебни моќи и способности, а потоа следи нова класна поделба кај луѓето.
ФОТО: HBO