Во Албанија расте бројот и на возрасни заразени од сипаници

208

Во Албанија, епидемијата на мали спаници добива пошироки размери. Освен деца на возраст до една година,кои поради возраста не се вакцинирани,се зголемува бројот на возрасни погодени од овој вирус.

Во Инфективната клиника во Тирана потврдуваат дека секојдневно, во просек, се јавуваат по седум случаи со симптоми на морбили,при што дел од нив се позитивни.

– Само во изминатите денови од месец март имаме 50 случаи со симптоми на морбили. Станува збор главно за пациенти кои не се вакцинирани. Моментно имаме само седум тешки случаи кои се хоспитализирани кај нас, со пневмонија, но за среќа немаме случај со енцефалит- вели доктор Арјан Харџи.

Според него, до сега регистрирани се 271 случај со морбили, поголемиот број деца на возраст до една година.Тоа значи дека само во март регистрирани се 85 нови случаи.

Во Албанија регистрирани се два смртни случаи како последица од морбили,едно четиримесечно и едно осуммесечно бебе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...