Островот Shelly, позната туристичка атракција во близина на Хатерас во Северна Каролина, исчезна речиси преку ноќ.
Песочниот остров, кој името Шели го добил поради големиот број на школки кои ги поседува, се изронил од Атланскиот океан речиси преку ноќ и набрзо станал голема туристичка атракција.
“Минатата година, кога и се појави овој остров, многу експерти велеа дека истиот нема да биде долгогодишен, и излезе дека се во право. Оттогаш бројните бури го разместиле песокот, а островот Шели всушност повеќе не е остров”, вели НАСА.
Новите сателитски слики објавени од НАСА покажуваат дека островот веќе не постои.
Причините за неговото уништување не се познати. Во овој случај се чини дека временските промени влијаеле во формирање на песокот и исто тие го уништиле островот кој од обичен насип на песок за кратко време прерасна во вистински остров.
Во 2017 година, овој остров имаше површина од цели два километри, сега го уништиле силните ветрови кои дуваат на овој дел од Атланскиот океан. Со ураганот Ирма минатата година започна неговото распаѓање, а овогодинешниот ураган Марија целосно го уништи.
За научниците овие промени се вообичаени.