Вреден заб од праисториски предатор украден во Австралија

112

Заб од џиновска праисториска ајкула долг осум сантиметри е украден од локалитет во националниот парк на брегот Нангалу во западна Австралија.

Фосилот припаѓал на вид џиновски океански грабливци – мегалодони, предци на денешните ајкули, кои изумреле пред 2,6 милиони години.

Украдениот заб е еден од двата такви во националниот парк на брегот Нангалу, инаку прогласен за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО.

Претставниците на националниот парк сметаат дека крадците точно знаеле што прават, односно дека забот е намерно украден.

– Од се најлошо е што е украден забот кој беше во подобра состојба и за чие постоење не се знаеше многу во јавноста. Инаку нашиот персонал и физички го заштити, покривајќи го и маскирајќи го со цел да остане скриен – изјави портпаролот на националниот парк Арвид Хогстром.

Освен што се наоѓал на релативно скриена локација, забот бил поврзан со камен и за разлика од другиот заб туристите не го посетувале.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...