Трамп негира дека има поделби и разногласија во Белата куќа

65
Фото: EPA /Al Drago

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска нагласи дека нема никакви разногласија помеѓу вработените во неговата Администрација.

– Во Белата куќа работите си течат мазно, објави Трамп на Твитер.

Со ова тој одговори на најновите гласини во американските медиуми дека многу од неговите соработници и помошноци размислуваат да поднесат оставки, пред се поради спротивставени гледишта со постапките и политиките на претседателот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...