Руската телевизија РТ може да ја изгуби лиценцата во Британија

146

Британското регулаторно тело за медиуми Офком соопшти дека руската телевизија РТ може да ја изгуби лиценцата за емитување програма во Велика Британија, поради нападот со нервен агенс врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал.

Таа телевизија, зад која стои Кремљ е константо на мета на критика на Офком, поради кршење на стандардите за непристрасност, а некои британски пратеници повикаа на нејзино затворање.

Двојниот агент Скрипал и неговата ќерка Јулија минатата недела беа пронајдени онесвестени на клупа во англискиот град Солзбери, а и натаму се во критична состојба.

Офком соопшти дека писмено ја предупредиле компанијата АНО ТВ Новости, која ја поседува лиценцата на РТ во Велика Британија, дека ако се покаже оти Русија стои зад нападот на Скрипал, ќе го смета тоа за релевантно за проценка на програмата на телевизијата РТ.

Велика Британија и даде рок на Русија до вечерва на полноќ да објасни, како нервниот агенс, развиен во поранешен Советски Сојуз, стигнал во Солзбери, и и се закани со контра мерки ако Москва не го исполни тој ултиматум.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...