На деца помлади од 6 години не треба да им се даваат лекови за настинка и кашлица

Лекарите ги предупредуваат родителите да не им даваат на децата помлади од шест години деконгестиви со кои се лекуваат кашлица и настинка.

1007

Новото истражување објавено минатиот месец во списанието BMJ покажува дека нема доволно докази дека лековите со антихистаминици помагаат кај затнат нос, а кога е пациентот млад, тоа може да биде штетно.

Освен тоа, The New York Times пишува дека лековите за кашлица всушност не им помагаат на децата помалку да кашлаат.

Згора на тоа, Consumer Affairs наведува дека такви лекови можат да доведат до несоница, поспаност, главоболка и надразнет желудник кај возрасните, додека кај децата, освен наведените нуспојави, можни се и хипертензии и конвулзии.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabay

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...