Владите и централните банки ширум светот мора да соработуваат при изработка на регулативи за криптовалутите, со цел да се спречи тие да станат ново средство за перење пари, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард.
Технологијата, која се крие зад криптовалутите, вклучувајќи ја блокчејн-технологијата, нуди возбудливи достигнувања, кои, според Лагард, можат да го зголемат степенот на финансиска инклузија, посебно во земјите со ниски приходи, каде милиони луѓе немаат традиционални банкарски сметки.
– Меѓутоа пред да стигнеме до тоа, потребно е да направиме чекор назад и да ги согледаме опасностите кои доаѓаат со она што го ветува таа технологија – напиша Лагард во својот блог поставен пред состанокот на министрите за финансии од Групата 20, кој ќе се одржи следната недела.
Фото: EPA/JIM LO SCALZO