Вилата на австрискиот витез Вагнер во Самобор, близу Загреб, изградена во 19. век, е ставена на продажба на познат хрватски огласник. Цената изнесува 1,6 милиони евра и тоа е најниската понуда досега.
Вилата позната како „Самоборскиот Версај“, има површина од 1.523 метри квадратни (7.700 метри квадратни заедно со земјиштето). Пред 10 години нејзината цена изнесуваше 2,5 милиони евра.
Земјиштето кое е всушност еден голем убаво среден парк, се наоѓа во центарот на Самобор, на 150 метри од главниот плоштад.
ФОТО: МИА