Британската министерка за труд и пензии Естер Меквеј, поднесе оставка од Владата на премиерката Тереза Мај, истакнувајќи дека, според неа, договорот за Брегзит, кој Меј го склучи со ЕУ, „не го почитува резултатот од референдумот“.
– Отидовме од „без договор е подобро од лош договор“ до „секој договор е подобар од никаков договор“ – подвлече Меквеј во писмото со оставка.
Таа додала „Не можам да го бранам ова и не можам да гласам за овој договор (во Парламентот)„.
Меквеј е вториот министер во британската Влада кој поднесува оставка. Претходно министерот за Брегзит Доминик Рааб истакна дека нацрт-договорот ги прекрши ветувањата што конзервативците на Меј им ги дадоа на британските гласачи.