Берлин би можел да забрани учество на Кинези во изградбата на германската 5Г мрежа

129

Влијателни личности во Германија се обидуваат да ја убедат Владата во Берлин да не дозволи кинески компании, како „Хуавеи“, да ја градат инфраструктурата за мрежи од петтата генерација (5Г), поради загриженоста за националната безбедност.

Загриженоста е поттикната од ризиците при работа на кинески добавувачи на телекомомуникациката опрема. Од истите причини, „Хуавеи“ веќе загуби можност да учествува на тендерите за изградба на инфраструктурата во Австралија.

Германија ќе ги објави своите тендери за изградбата на 5Г инфраструктура во 2019 година и засега е рано да се каже дали иницијативата за исклучување на кинеските понудувачи од тендерите ќе даде резултат.

„Хуавеи“ е најважниот светски производител на телекомуникациска опрема. Компанијата е долгогодишен партнер на водечкиот германски оператор „Дојче Телеком“ и има значително присуство на пазарот во земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...