Љубителите на фантастика се најдобри љубовници

287

Љубителите на филмските жанрови фантастика и научна фантастика, се најголеми реалисти во поглед на љубовта, сексот и врските, посочува ново истражување на Универзитетот Оклахома.

Во студијата учествувале 404 возрасни лица, кои биле поделени според тоа кој од седумте понудени жанрови го претпочитаат, а потоа одговарале и на прашањата околу љубовта и сексот. Љубителите на „Хари Потер“ или „Одмазници“, покажале најреални ставови и погледи на водењето љубов.

Тие исто така сметаат дека кавгите во врските не нѐ водат кон нејзиниот крај.

Оние испитаници, пак, кои најмногу сакаат љубовни филмови и драми, покажале многу нереални очекувања и ставови, кои најверојатно ги попримиле од своите омилени филмови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...