Навални доби решение да ја напушти Русија откако му беше укината забраната

136

Опозиционерот Алексеј Навални денеска доби решение да ја напушти Русија за да присуствува на изрекувањето на пресуда на Европскиот суд за човекови права по тужба поднесена од него.

Навални сака утре да пристигне во Стразбур, кога судот треба да одлучи дали повеќекратните притворања од страна на руската полиција биле политички мотивирани или не.

Тој вчера беше спречен од страна на руските гранични власти да ја напушти Москва поради неплатена парична казна, за која, Навални рече дека тоа било изговор за да не му се дозволи да патува во странство.

Федералната служба за извршители, која го блокира неговото излегување од Русија, рече дека сите ограничувања за Навалини, вклучувајќи ја и забраната за патување во странство, се повлечени откако тој  ја платил казната.

Навални објави фотографија на социјалните мрежи, покажувајќи како ја минува пасошката контрола на московскиот аеродром и изјави дека овој пат не наишол на никакви проблеми кога ја напуштил државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...